2026-08-14
Поддршка за време на топлотен бран
Црвениот крст на град Скопје – Тимот за одговор при катастрофи, согласно Акциониот план за превенирање на штетите од топлотниот бран, од 31 јули до 10 август 2026 година, беше присутен на терен во периодот од 11:00 до 16:00 часот, на најфреквентните места во градот.
Во активностите досега беа ангажирани 45 волонтери, распоредени во 14 тимови.
Беа поделени повеќе од 6.000 шишиња вода, а реализирани се и 20 интервенции и асистенции на граѓани.
Црвениот крст – секогаш со граѓаните.
