2026-07-22
Информативно предавање – „Топлотен стрес – превенција и прва помош“ и „Задушување на дишните патишта“
Преку Центарот за обука по прва помош на Црвен крст на град Скопје, за вработените во ДС СМИТ АД Скопје се одржа информативно предавање за 33 вработени на тема „Топлотен стрес – превенција и прва помош“ и „Задушување
на дишните патишта“.
Во услови на високи летни температури и специфична работна средина, каде вработените се изложени на топлинско оптоварување (висока температура на воздухот, влажност, зрачна топлина и заштитна работна облека), од особена
важност е навременото препознавање и правилното реагирање при состојби како што се топлотен удар, топлотна исцрпеност, колапс, топлотни грчеви и други последици од изложеност на топлина.
Со едукација и навремена подготовка придонесуваме за побезбедна и поздрава работна средина.
