Препораки за заштита при топлотен бран!
Во периоди на високи температури, важно е да се грижиме за сопственото здравје и за луѓето околу нас.
Пијте доволно вода во текот на денот, дури и ако не чувствувате жед.
Избегнувајте престој на сонце во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
Носете лесна, светла и памучна облека, капа и очила за сонце.
Користете крем со заштитен фактор.
Јадете лесна храна – овошје, зеленчук и оброци кои не го оптоваруваат организмот.
Одржувајте ги просториите разладени – затворете ги прозорците и ролетните во најтоплиот дел од денот, а проветрувајте рано наутро или навечер.
Ограничете ја физичка активност во текот на денот.
Никогаш не оставајте деца, стари лица или домашни миленици во паркирано возило, дури ни на кратко.
Посветете внимание на повозрасните лица, хронично болните и малите деца – тие се најранливи на високите температури.
Доколку почувствувате силна главоболка, вртоглавица, гадење, забрзано чукање на срцето, висока телесна температура или губење на свеста, веднаш побарајте медицинска помош.
Грижете се за себе и за другите!!!
Превенцијата е најдобрата заштита!!!
