Резултати за ПХВ програма за циклус 2026!
Оваа година беа изработени вкупно 195 мали проекти – рекордна бројка во последните 10 години.
Од вкупно 195 проекти, 154 се оценети со фаза 5, 40 со фаза 4, а 1 проект со фаза 3.
Вкупно 57 проекти добија оценка „сонце“ – признание за проекти кои оставиле значаен и долгорочен придонес во заедницата: Делчево-6 проекти, Тетово-5 проекти, Свети Николе-4 проекти, Демир Хисар-4 проекти, Неготино-3 проекти, Кавадарци-3 проекти, Струга-3 проекти, Пробиштип-3 проекти, Кочани-2 проекти, Велес-2 проекти, Прилеп-2 проекти, Ресен-2 проекти, Струмица-2 проекти, Гевгелија-2 проекти, Центар-2 проекти, Берово-1 проект, Битола-1 проект, Валандово-1 проект, Виница-1 проект, Гостивар-1 проект, Крива Паланка-1 проект, Куманово-1 проект, Радовиш-1 проект, Скопје-1 проект, Карпош-1 проект, Кисела Вода-1 проект, Чаир-1 проект.
Оваа година 27 ООЦК имаат проекти оценети со сонце, што претставува јасен показател за континуирано зголемување на квалитетот на проектите.
Пехарот оваа година оди во Делчево, каде младите реализираа 6 проекти и сите беа оценети со сонце. Второто место му припадна на Тетово со 5 проекти со сонце, а третото место го делат Демир Хисар и Свети Николе со по 4 проекти со сонце.
Честитки до сите ООЦК, секретари, дисеминатори, ментори и особено до младите кои успешно ги реализираа проектите и дадоа значаен придонес во своите заедници.
Волонтерскиот ангажман на младите продолжува преку Клубовите на млади, придонесувајќи за раст на членството и зајакнување на нашето Национално друштво.
