2026-06-05
1 Јуни – Ден на згрижувачките семејства
Црвениот крст на град Скопје, како и секогаш, се вклучи во одбележувањето на 1 Јуни – Денот на згрижувачките семејства.
Настанот се реализираше во Зоолошката градина во Скопје, со акцент на подигнување на свеста за значењето на згрижувањето и поттикнување на нови семејства да се вклучат во овој хуман и одговорен процес.
Голема благодарност до нашата соработничка Снежана Конеска Руси, која со својот придонес го разубави настанот, како и до хотел „Мериот“, кој подготви слатки изненадувања за присутните.
Воедно, упатуваме искрени честитки до ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, институција која веќе 80 години обезбедува поддршка, грижа и љубов, придонесувајќи за правилниот раст и развој на децата.
