Пребарувај по датум:
2026-05-14

Одбележување на Светски ден на Црвениот крст и Црвена полумесечина

По повод 8 Mај -Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина корисниците од социјалната услуга ,,Дневен престој за стари лица за активно стареење’’ реализираа еднодневна екскурзија во Крива Паланка со цел одбележување на овој значаен ден и поттикнување на активно учество на повозрасните лица во општеството.

Во текот на посетата корисниците имаа можност да го посетат ,,Дневнот престој за стари лица за активно стареење’’ , Градскиот музеј на Крива Паланка , да се запознаат со културно-историските знаменитости на градот како и да го посетат Манастирот ,,Св.Јоаким Осоговски’’.

Корисниците на оваа социјална услуга од Скопје и Крива Паланка имаа можност подобро да се запознаат преку разговор, дружење и размена на искуства при што ја зајакнаа социјалната поврзаност и меѓусебната соработка.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.