Студиска посета во БиХ
Во рамки на активностите за зајакнување на регионалната соработка и размена на искуства, претставници од Црвен крст на град Скопје реализираа студиска посета на Црвен крст на Босна и Херцеговина. Посетата беше насочена кон споделување добри практики, унапредување на капацитетите и продлабочување на соработката, со посебен фокус на користење на дигитални алатки како KOBO системот.
За време на посетата беа презентирани искуства и активности поврзани со поддршка на бегалци и мигранти, управување со податоци и примена на дигитални решенија во хуманитарното делување. Преку интерактивни сесии и практична работа, учесниците имаа можност да разменат знаења, да ги идентификуваат предизвиците и да дискутираат можности за унапредување на процесите. Посебно беше истакната важноста на континуирана обука, техничка поддршка и редовна размена на искуства меѓу националните друштва.
Активноста е реализирана во рамки на проектот „Глобална програма за миграција долж миграциските рути“, поддржан од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
