Пребарувај по датум:
2026-04-20

Црвен крст на град Скопје – Донирај облека, подари надеж

Црвен крст на град Скопје континуирано работи на креирање поефикасен систем за менаџирање со донирана облека. Овој систем го опфаќа целиот процес што едно парче облека го поминува – од донација од страна на граѓани и компании, преку селекција
на пунктови, па сè до дистрибуција до крајните корисници: граѓани и институции на кои им е најпотребна.

Со цел да се олесни пристапот за донирање, поставени се повеќе контејнери на следните локации:

  • 2 контејнери во Црвен крст Карпош – ул. „Орце Николов“ бр. 155в
  • 2 контејнери пред Хуманитарен дом „Даре Џамбаз“ – ул. „11 Октомври“ бр. 42а
  • 1 контејнер пред Црвен крст Гази Баба – ул. „Антон Попов“ бр. 26
  • 1 контејнер пред Црвен крст Чаир – ул. „Павле Илиќ“ бр. 1
  • 1 контејнер пред Општина Кисела Вода
  • 1 контејнер во Градско собрание

Истите се празнат еднаш во текот на денот.

Дополнително, облека може да се донира и во:

  • Магацинот на Црвен крст на град Скопје (Момин Поток), секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот
  • „Копче“, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот и сабота од 09:00 до 14:00 часот

    Копче / Kopche

Облеката што се донира треба да биде чиста, испрана и во употреблива состојба, за да можеме заедно да го живееме нашиот слоган:

„Дајте ѝ втора шанса на вашата облека .“

Ве очекуваме!

Заедно во хуманоста и солидарноста.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.