2026-04-20
Велигденско шоу
Рамстор Мол и оваа година организираше предпразнично дружење со корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Пролет“.
Интерактивното шоу, подготвено од аниматорот Ѓурчиновски, донесе многу радост, насмевки и одлична забава за сите присутни.
Голема благодарност до Ramstore Mall за нивната неизмерна поддршка кон оваа целна група, како и за велигденските пакетчиња што ги подготвија за корисниците како знак на внимание.
