2026-03-18
Екскурзија до Лешочки манастир и Шарена џамија
Корисниците и стручниот тим од Центарот за дневен престој за бездомни лица при Црвен крст на град Скопје реализираа еднодневна екскурзија до Лешочки манастир и Шарената џамија, како и заеднички ручек во Тетово.
Со особен интерес и активно учество се приклучија и 7 студенти – културни медијатори од институтите за Социјална работа и социјална политика и Психологија, кои дадоа дополнителна вредност на заедничкото искуство преку комуникација, поддршка и социјална интеракција.
Оваа активност беше исполнета со дружење, позитивна атмосфера и можност за запознавање со културното и духовното богатство на нашата земја .
Активноста е во рамки на проектот SHAPE, финансиран од Австриското Федерално Министерство и Австриски ЦК.
