Посета на студенти во Дневен престој за стари лица со активно стареење
Студенти од четврта година при Институтот за социјална работа и социјална политика на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје остварија посета на Центарот за дневен престој за стари лица со активно стареење при Црвен крст на град Скопје.
За време на посетата тие се запознаа со начинот на функционирање на услугата, програмата и активностите кои се реализираат со корисниците, како и со значењето на ваквите социјални услуги за подобрување на квалитетот на живот на повозрасните лица и поттикнување на активно стареење.
Студентите имаа можност да се сретнат со стручниот тим и корисниците на дневниот престој и да добијат практични информации за директната работа во областа на социјалната заштита.
Ваквите посети се значаен дел од практичната едукација на идните социјални работници и придонесуваат за продлабочување на нивните знаења и искуства.
