Љубовни ноти — Ноти на храброста
Со голема радост беше одбележано 17. издание на хуманитарниот концерт „Љубовни ноти“ – вечер исполнета со музика, емоции и хуманост. И оваа година се обединивме околу благородна цел, покажувајќи дека кога заедницата е заедно може да создаде вистинска разлика.
Голема благодарност до „Лабараториум“ кој овозможи да се реализира оваа хумана иницијатива.
Концертот го отворија Ивана и Филип Карајановски, дел од Passio Band, со изведба на познати македонски песни.
Вечерта продолжи со емотивен настап на училишниот оркестар од СУГС „Орце Николов“, кои изведоа прекрасни стари македонски народни песни и оставија силен впечаток кај публиката.
Искрена благодарност и до водителката Марија Јанчевска, како и до сите учесници и посетители кои го поддржаа и разубавија овој настан.
