Поразличен ден за бездомните лица
Во пресрет на празникот Василица, во Центар за дневен престој за бездомни лица (Пункт за бездомници на Црвен крст Скопје), одбележан беше овој ден со традиционално дружење на корисниците на Пунктот, вработените лица и волонтерите од сервисот за поддршка на лица во трето доба.
Во топла и пријатна атмосфера, присутни поделија пита со паричка, се дружеа и уживаа во заеднички ручек.
За сите нив обезбедивме и подароци – облека која им е најпотребна за зимскиот период, со желба овие денови да бидат исполнети со топлина, грижа и надеж.
Со оваа празнична традиција поврзана со среќа и напредок на поединецот, но и на пошироката заедница, се надеваме дека придонесовме за еден поубав и поразличен ден на бездомите лица, кои се особено ранливи при студените зимски денови.
