Инклузија на бегалците во РСМ во здравствениот систем
Во период од 27-29.10 во х. Солферино,Струга се организираше национална работилница на тема ,,Подготвеност за епидемии и вонредни состојби” со акцент на инклузија на бегалците во здравствениот систем. Истата беше организирана од Црвен крст на РСМ-Црвен крст на град Скопје, а учесници беа вработени лица и волонтери кои работат на теми поврзани со здравствено-превентивна дејност и поддршка на бегалци и мигранти. Фокус беше ставен на вклучување на бегалците во процесот на задолжителна имунизација согласно националните прописи и програми, унапредување на пристапот до здравствени услуги за раселени и ранливи групи како и промовирање на пристап заснован на човекови права и активно учество на раселените лица во планирањето и спроведувањето на јавно-здравствени интервенции. Голема благодарност до Министерство за здравство за соработката и поддршката како и на Д-р Бранка Величковска Тенева која своите експертски знаења и искуства ги сподели на присутните. Работилницата е една од активностите поддржани од ИФРЦ во рамки на APEAL за поддршка на лицата од Украина.
