Работилница за Подготвеност за ефективен одговор
Во периодот од 30 до 31 октомври се одржа Работилницата за Подготвеност за ефективен одговор (Preparedness for Effective Response -PER) со акцент на миграции– значајна алатка која му овозможува на Црвениот крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје систематски да ја процени и унапреди својата способност за ефикасен одговор.
PER процесот претставува структуриран и партиципативен пристап кој овозможува идентификација на силните страни и празнините во областа на миграции, со цел механизмите за одговор да бидат усогласени со меѓународните стандарди. По завршување на истата, изготвен беше план за активности за периодот 2026-2028 год., во полиња од областа на миграциските движења во кои сакаме да се унапредиме и пружиме подобри услуги.
Преку учеството во PER процесот, ја потврдивме својата посветеност за обезбедување навремена, координирана и безбедна помош за ранливото население.
Активноста е поддржана од Швајцарски Црвен крст, кои беа и фасилитатори на работилницата.
