2025-10-25
Помислете и на нас
ОКТА АД Скопје и оваа година, по шеснаесетти пат, ја потврди својата општествена одговорност преку поддршка на кампањата „Помислете и на нас“. Компанијата донираше финансиски средства со кои беа набавени пакети со прехранбени продукти, наменети за лица во социјален ризик.
Во рамките на кампањата, претставници од ОКТА го посетија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Пролет“, каде што заедно со корисниците поминаа ден исполнет со радост, дружење и многу насмевки.
Изразуваме голема благодарност до ОКТА за нивната континуирана поддршка и посветеност. Нивниот пример претставува вистинска инспирација во создавањето на подобро и похумано општество.
