Пребарувај по датум:
2025-10-22

Дисеминација за волонтери и практиканти

На почеток на месец октомври се одржа дисеминациска сесија за новите волонтери и практиканти во рамки на активностите на Црвениот крст на град Скопје.

Целта на сесијата беше едукација и запознавање на новите членови со:

  • историјатот и потеклото на Црвениот крст,
  • значењето, употребата и злоупотребата на амблемот,
  • седумте основни принципи на движењето,
  • Женевските конвенции,
  • организационата поставеност на Црвениот крст,
  • како и основните аспекти на неговото работење на национално и локално ниво.

На обуката присуствуваа вкупно пет лица, кои активно се вклучија во дискусијата и покажаа интерес за активностите на организацијата.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.