2025-10-17
Есенска работилница во Дневниот центар „Пролет“
Волонтерите на Црвениот крст на град Скопје реализираа креативна есенска работилница со корисниците на Дневниот центар „Пролет“. Со доаѓањето на есента, просторот се исполни со топли есенски бои, насмевки и радосна атмосфера.
Преку активности како боење, изработка на есенски украси и уредување на просторот, присутните имаа можност за меѓусебна дружба и креативен израз. Работилницата придонесе за поттикнување на фината моторика и креативноста кај корисниците, но и за создавање на чувство на припадност и заедништво.
Целта на ваквите активности е да се промовира социјалната инклузија, поддршката и хуманоста – вредности кои се темел на нашето секојдневно делување.
Оваа активност е реализирана со поддршка од Комерцијална банка АД Скопје
