Одбележан 10 Октомври – Светски ден на бездомништвото
На овој ден ја истакнуваме важната улога на Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток, каде што 160 бездомни лица добиваат здравствена нега, психо-социјална поддршка, хигиенски услуги и топол оброк
Во зимските месеци, Пунктот станува и привремено прифатилиште – безбеден простор за најранливите во екстремни услови.
Светскиот ден на бездомништвото е посветен на подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат луѓето без дом , како и на поттикнување конкретни акции за спречување и елиминирање на бездомништвото.
Позитивен пример за хуманитарна акција насочена кон бездомните лица е компанијата ТАВ Македонија , која и оваа година донираше 100 готвени оброци за бездомните лица.
Благодарност за оваа хумана иницијатива, пример за општествено одговорно дејствување.