Пребарувај по датум:
2025-10-07

Активност по повод 1 октомври -Меѓународен ден на старите лица

По повод 1 октомври -Меѓународниот ден на старите лица, ден кој служи како потсетник за значењето на грижата, почитта и активно вклучување на старите лица во сите општествени процеси, социјалната услуга ,,Дневен престој за стари лица за активно стареење’’ реализираше низа активности насочени кон унапредување на здравјето и правната едукација на лицата во трето доба.

На три локации во Скопје беа организирани информативни пунктови, каде граѓаните имаа можност бесплатно да проверат гликемија и крвен пристисок, со цел промовирање на програмските активности и социјалните  услуги наменети за старите лица.

Покрај тоа, во соработка со Сојузот на здружение на пензионери на град Скопје, се одржа и предавање на тема ,,Заштита и остварување на имотно-правните права на старите лица’’. Голема поддршка во реализацијата на настанот дадоа и претставници од Македонското здружение на млади правници, кои на присутните им понудија корисни информации и одговори на прашања од правен аспект.

Ова предавање беше само почеток за понатамошни активности кои ќе овозможат интерни средби и индивидуални правни консултации за корисниците од дневните центри, со цел дирекна поддршка и поголема правна заштита на повозрасните лица.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.