Пребарувај по датум:
2025-09-26

Заеднички настан со НВО за презентација на резултати од проектите финансирани од Австриското Министерство за социјални прашања

Црвен крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје ги сподели резултатите од првата година на имплементација на проектот „Засилување на здравјето, пристапот, учеството и социјалната еднаквост во земјите на Западен Балкан“ финансиран од Австриското Федерално Министерство за Труд, Социјални работи, Здравство, Грижа и Заштита на потрошувачите и Австриски ЦК (SHAPE).

Пунктот за бездомници при Црвениот крст го посетиле вкупно 170 лица , од кои 110 мажи, 20 жени и 40 деца. На почетокот на 2025 година, истиот успешно се лиценцираи го доби потребното решение и дозвола за работа на други даватели на социјални услуги од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади (Дневен центар за бездомни лица).

Извршени се градежни активности во 10 селектирани куќи.

За време на посетите кај лекарот, беа обезбедени 7 754 парчиња аналгетици и редовна терапија. Дополнително, кај 88 лица беше измерен крвниот притисок. Сите бездомни лица добија совети за нивната здравствена состојба (вкупно 458 консултации). Медицински помагала – вклучувајќи очила, патерици, инвалидски колички и специјализиран медицински транспорт – беа обезбедени за 14 лица, заедно со придружба при лекарски прегледи во болнички установи.

Обучени се 22 културни медијатори за бездомници.

Реализирана студиска посета во Австрија.

Одржани се 902 консултации со социјален работник, при што беа посредувани 135 документи за остварување на права во областа на социјалната заштита.

Реализирани 102 стручни советувања со психолог/психотерапевт за процена и подобрување на менталната состојба на бездомните лица.

Организирани се 3 екскурзии и 3 работилници за здравствена превенција.

Дистрибуирани 32 509 парчиња облека, како и сапуни, шампони, пени за бричење и санитарни влошки.

Едукативни активности за 40 деца.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.