Пребарувај по датум:
2025-09-22

Поддршка за социјална стабилност поврзана со домување

Во рамките на проектот „Засилување на здравјето, пристапот, учеството и социјалната еднаквост во земјите на Западен Балкан“ финансиран од Австриското Федерално Министерство за Труд, Социјални работи, Здравство, Грижа и Заштита на потрошувачите и Австриски ЦК реализирана беше компонента поврзана со реновирање на живеалишта на 10 семејства во социјален ризик.

Тимот од Пункт за бездомници на Црвен крст на град Скопје направи проценка и избор на семејства кои имаат најголема потреба од ваков тип поддршка, а потоа следуваше процесот на градежни работи и адаптација на нивните субстандардни живеалишта. Ова значаше превземање на градежни активности како менување на врати и прозори, молерисување, промена на кровна конструкција, поставување на под, уредување на купатила, средување на водоводна и одводна мрежа и сл.

По завршување на интервенциите, унапредени се основните животни услови на лицата, подобрена е нивната здравствена состојба и генерално унапредена е социјална стабилност поврзана со нивното домување.

Горди на промените, се надеваме дека ваквиот вид поддршка е добар пример за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост на најмаргинализираните категории корисници и унапредување на квалитетот на нивниот живот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.