Пребарувај по датум:
2025-09-22

Дружење во природа

За корисниците на дневниот центар „Пролет“, организирана беше еднодневна екскурзија во Градскиот парк со цел збогатување на секојдневните активности и поттикнување на социјализацијата и рекреацијата на корисниците. Настанот се одржа во пријатна и безбедна средина, со учество на корисници, стручни работници и негуватели.

За време на екскурзијата беа реализирани прошетка низ паркот, дружење во природа, игри и креативни активности на отворено. Корисниците имаа можност да се релаксираат, да развиваат вештини за соработка и да уживаат во непосреден контакт со природата.
Овој вид на активности придонесува за подобрување на психо-физичкото здравје, зголемување на самодовербата и поттикнување на позитивна групна атмосфера.

Екскурзијата е овозможена со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади, со цел унапредување на инклузијата и подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.