Програма за соработка помеѓу сектор за внатрешни работи Скопје и Црвен крст на РСМ-Црвен крст на град Скопје
Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Сектор за внатрешни работи Скопје и Црвен крст на РСМ-Црвен крст на град Скопје, тргнувајќи од специфичните цели на претходно потпишаниот Меморандум за соработка, потпишаа Програма за соработка. Истата ќе се имплементира во периодот септември- декември 2025, со меѓусебна координација, во насока за зајакнување на досегашната соработка и зајакнување на капацитетите. Соработката ќе се темели на обуки и работилници, показни вежби и симулации, како и хуманитарни иницијативи во областите Прва помош, Подготвеност и дејствување при катастрофи, Социјално- хуманитарна дејност.
На денешното потпишување на Програмата, генералниот секретар на Црвен крст на РСМ г. Саит Саити, Секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Т. Пауновска и г. Сашо Топаловски -началник на СВР Скопје, ја истакнаа важноста на оваа иницијатива, можностите кои се отвораат во перспектива како и бенефитот кој двете институции може да го имаат како позитивен импакт од продлабочената меѓусебна соработка.