2025-08-12
Сликарска работилница со техника од сув пастел
Во рамки на социјалниот сервис ,,Дневен престој за стари лица за активно стареење’’
се реализираа две инспиративни сликарски работилници со техника-сув пастел.
Главен гостин на работилниците беше Ренди Фер, признат и успешен уметник кој патува низ целиот свет, одржува работилници и ја споделува својата техника и љубов кон уметноста поттикнувајки ги учесниците да експериментираат со бои, светлина и текстура.
Ваквите активности имаат големо значење за лицата во трето доба, бидејќи покрај стекување нови вештини, тие придонесуваат за збогатување на нивното секојдневие, развивање на моторните способности и создавање нови пријателства.