2025-08-07
Oбука за идни сезонски пожарникари во Скопје
Дел од обуката за сезонските пожарникари беше и обуката за првата помош, која се состоеше од теоретски и практичен дел.
Целта беше јакнење на капацитетите за превенција и справување со пожари, со фокус на нивната заштита, пристап до жртвите, преглед и давање на прва помош посебно во ситуации на пожари кога жртвите страдаат од изгореници на телото и дишните патишта, како и вдишување на отровните честици од чадот.
На обуката присуствуваа 25 идни сезонски пожарникари.