Активности за справување со топлотен бран
Мобилните екипи на Црвениот крст на град Скопје, согласно акциониот план и препораките на надлежните институции за справување со топлотни бранови, во период од 04-08 јули дејствуваа на терен.
Екипите составени од лекар или парамедик патролираа низ градот Скопје-централното градско подрачје, на поголемите автобуски постојки, пазари и здравствени установи и дистрибуираа вода, се мереше притисок на граѓаните кои се пожалија на тегоби.
За активностите во овој период, ангажирани беа 48 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, волонтери во ООЦК и професионално ангажирани лица, поделени во 11 тима, со 4 возила кои на дневна основа патролираа низ градот во периодот од 11:00-16:00 часот.
За овој период поделени се над 2 200 шишиња флаширана вода, а тимовите имаат асистирано во 59 наврати
Во пунктот за бездомници во Момин Поток отворен е телефонот 071/223-972 за дојави од страна на граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.
Активностите се во рамките на Акциониот план на Црвениот крст на РСМ за справување на штетите од топлотниот бран.