2025-07-03
Освежително предавање и вежби по прва помош
На 2 јуни во Дневен престој за стари лица за активно стареење – Чаир се одржа освежително предавање и обука за прва помош за 23 корисници од Чаир и Даре Џамбаз.
Предавањето беше составено од теоретско објаснување за начини и ситуации за пружање прва помош
, како и импровизации и показни вежби за пружање на прва помош на повредено лице.
Овој тип на предавања се од голема важност бидејќи корисниците имаа можност да го споделат и своето искуство но и да научаат нови корисни работи!
Прва помош спасува живот!