Рекорден број на сонциња во ПХВ програмата!
Од 170 реализирани мали проекти од страна на 1 041 младинец, изработени се рекордни 44 проекти кои се оценети со сонце. Тоа се проекти кои навистина дадоа голем придонес во заедницата, односно долгорочно смениле нечиј живот и тоа Свети Николе 4 проекти, Битола 4 проекти, Неготино 4 проекти, Делчево 3 проекти, Кавадарци 3 проекти, Тетово 3 проект, Демир Хисар 3 проекти, Карпош 2 проекти, Гевгелија 2 проекти, Пробиштип 2 проекти, Прилеп 2 проекти, Кисела Вода 2 проекти, Радовиш 2 проекти, Центар 1 проект, Гостивар 1 проект, Виница 1 проект, Ресен 1 проект, Велес 1 проект, Валандово 1 проект, Берово 1 проект, Чаир 1 проект.
На заедничко задоволство, и оваа година 21 ООЦК имаат изработено проекти со сонце, што ни укажува дека има подобрување на квалитетот при изработка на проектите.
Оваа година пехарот ќе го делат три ООЦК кои имаат изработено по 4 проекти оценети со сонце и тоа Свети Николе, Битола и Неготино. Честитки за сите тимови!
Сите проект се инспирација и гордост на нашата младина! Тие уште еднаш покажаа дека се амбасадори на хуманоста!