Одбележана Неделата за борба против срцево- садови заболувања
Црвен крст на град Скопје, преку Клуб на млади, традиционално ја продолжи соработката со Жан Митрев клиниката и со низа активности се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против срцево- садови заболувања (21.02-27.02)
Под мотото ,,За сладок живот, храни се здраво” во соработка со психолошката служба се реализираше посета во клиниката за волонтерите на Црвен крст како и работилница со ендокринолог. На истата се зборуваше за дијабетот, ризик факторите, а се споделија и совети за подобар животниот стил. Младинците го посетија и стоматолошкиот центар и центарот за естетска дерматологија. Како и секоја година се организираа бесплатни кардиолошки прегледи за ранливо население.
Корисниците од социјалната услуга ,,Дневен престој за стари лица за активно стареење’’ ја одбележаа Неделата на борба против срцевосадни заболувања со предавање од страна на Др. Љупчо Стефановски. Лицата во трето доба имаа можност да се информираат за постоечките ризик фактори на кардиоваскуларните болести.
Неделата за борба против срцевосадови заболувања, со едукативни предавања и мерење на крвниот притисок, се одбележа и преку мобилните тимови во рамки на Националната Програма за помош и поддршка на бегалци и мигранти. На истите се вклучија лицата привремено сместени во ПТЦ Винојуг, но и наставниот кадар од ОУ „Рилиндја” во општина Липково.
Главна цел на активностите е подигнување на свеста кај пошироката популација за ризиците кои ги носат срцево садовите заболувања , но и превенирање од истите преку здрави животни навики.