2025-02-04
Симулациска вежба за проверка на функционалноста на системот за безбедност
На 01 февруари 2025г. на автопат Петровец – Скопје, кај клучка Кадино, во организација на Министерство за внатрешни работи се изведе симулациона вежба на институциите на системот за безбедност при масовни несреќи.
Преку однапред предвидено сценарио, масовна сообраќајна несреќа со над 20 повредени, беше прикажан кординиран настап на МВР, БППЗ ИМП и тимовите на Црвениот крст за тријажирање и транспорт до соодветни медицински установи.
Тимот на Црвениот крст на вежбата зеде учество со три тима!
Заедно можеме повеќе.