Gaming Hub / Гејминг центар за млади
Во рамките на партнерство помеѓу Црвен крст на град Скопје и UNHCR-Skopje, Агенцијата на ОН за бегалци, во ДХО „Даре Џамбаз“ отворен беше Гејминг центар за млади – ангажирачка едукативна средина која нуди можност за користење на слободното време на младите бегалци, баратели на азил и млади од локалното население.
Центарот е опремен со 10 гејмерски компјутери со соодветен софтвер, игри и периферни уреди и во рамки на активностите ќе се реализира програма за дигитално слободно време спроведена од страна двајца едукатори за дигитални содржини.
Во него ќе се нудат едукативни содржини, унапредување на дигитални вештини, но тој има за цел исто така да ја поттикне креативноста на младите, тимската работа, стратешкото размислување преку медиумот на игри, а и да ја олесни интеграцијата и да го подобри менталното здравје на ранливите категории млади луѓе во македонското општество, вклучувајќи ги бегалците и барателите на азил.
Проектот е поддржан од Службата за иновации при УНХЦР преку Фондот за дигитални иновации.