Пребарувај по датум:
2024-10-02

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИ ДЕН НА СТАРИТЕ ЛИЦА 1 ОКТОМВРИ ,,СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА’’

Социјалниот сервис ,,Дневен престој за стари лица за активно стареење’’  го одбележа -1 октомври – Светски ден на старите лица со поставување на информативни пунктови на три локации во Скопје: Автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и плоштад Сарај.

На пунктовите граѓаните можеа повеќе да се запознаат со услугата на овој сервис а можеа и бесплатно да измерат крвен притисок и гликемија. Пунктовите ги посетија вкупно 222 лица.

Во дневниот центар за стари лица во ООЦК Чаир сите корисници од трите дневни центри  заеднички го прославија денот, а воедно прославија и 13 години постоење на социјалниот сервис ,,Дневен престој за стари лица за активно стареење’’.

Овие активности се од големо значење за лицата во трето доба за  унапредување на нивниот квалитетен живот, како и активен пристап кон животот во староста.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.