Спроведени работилници за психо-социјална поддршка
Во периодот од 02-04 јули, преку Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвениот крст, во соработка со Цементарница УСЈЕ АД Скопје, реализирани беа 3 работилници за психо-социјална поддршка, прва психолошка помош и справување со стрес наменета за вработените од компанијата.
Работилниците беа реализирани во просториите на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, а на вработените им беа презентирани алатки за справување со стрес, интерактивни вежби, како и теоретска основа за прва психолошка помош, психо-социјална поддршка и справување со стрес. Работилниците беа во времетраење од 2 часа и истите ги посетија повеќе од 180 лица.
Црвениот крст се заблагодарува за успешната соработка и ја поздравува грижата за менталното здравје на вработените која ја покажува Цементарница УСЈЕ АД Скопје.