Пребарувај по датум:
2024-05-27

Услугата посебен превоз достапна во општина Карпош

Услугата посебен превоз, од 17.05  е достапна и за жителите на Општина Карпош.

Услугата посебен превоз за стари лица, болни  лица  и лица со попреченост над 18 години се изведува  со посебно опремени наменски возила и посебно обучен кадар на Црвениот крст. Услугата е наменета за превоз  на корисници, кои не се во можност, самостојно да обезбедат превоз за користење на  здравствена, социјална, или друга административна услуга, заради:

  • старост;
  • болест;
  • неможност или потешкотии, при самостојно движење;
  • имаат потреба од придружник (негувател/личен асистент), врз основа на наод на стручно лице за потребата од користење на услуги во домот, поради здравствената состојба во која се наоѓаат, а се работи за неживотно загрозувачки ситуации.

Превоз со наменско возило,  се смета превозот на корисникот од домот, односно местото на неговото живеење, до здравствени или други институции и обратно.

За користење на услугата граѓаните потребно е да го закажат својот превоз минимум 24 часа однапред, јавувајќи се на телефонскиот број 02/15330. Услугата може да се користи секој работен ден од 8 до 16 часот.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.