Одбележување на Недела на солидарност
Традиционално и оваа година корисниците од социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови’’ под мотото „Вашиот прилог- значајна помош” од 15 до 21 април ја одбележа Неделата на солидарност. Во рамките на оваа недела корисниците од дневните центри за стари лица донираа конзервирана храна за подготовка на хуманитарни прехранбени пакети, поддршка во оваа собиран акција дадоа и Lions Club Darma. На 17 април корисниците подготвија 80 топли оброци и беа доставени во Пунктот за бездомници при Црвен крст на град Скопје.
Целта на оваа активност во оваа „Недела на солидарснот” е да се подигне свестна на населението за меѓусебната поддршка, како и да се обезбеди соодветна помош за најранливите категории на граѓани.
Лицата во трето доба уште еднаш покажаа како е да се биде солидарен и хуман!