2024-04-19
Црвен крст на град Скопје на Вториот меѓународен симпозиум за традиционална кинеска медицина
На 17 април, во просториите на Универзитетот Скопје, се одржа вториот меѓународен Симпозиум за традиционална кинеска медицина и акупунктура во организација на Здружение за традиционална кинеска медицина и акупунктура „Tong De Tang TCM”, на кој Црвениот крст на град Скопје доби посебно признание за поддршка на настанот.
На Симпозиумот беа презентирани активностите на социјалниот сервис „Дневен престој за стари лица за активно стареење “ во доменот на развој на Чи конг вештината за лицата во трето доба. Истовремено, г. Роже Доан Ван Хај тренер по Чи конг вежби, објасни што претстауваат овие вежби и колку лицата во трето доба имаа продобивка со вежбање на истите.