2024-03-25
Дисеминација за младите од Еразмус програма
Имавме посета од ученици и нивни наставници од средно медицинско училиште од Скопје. Тие се дел од Еразмус програма и на гости ни дојдоа заедно со уште десетина ученици и нивни наставници од Шведска. Целта беше запознавање со организација на Црвениот крст како и посета на дел од катчињата кои ги работи Црвениот крст како Копче, Центар за Прва помош, Дневен центар за лица во трето доба и Дневен центар за доброволно дарување крв.
Ваквите размени се особено значајни за младите заради можноста да разменат искуства и меѓусебно да комуницираат.