Дисеминација на лица во трето доба
На 18 март во просториите на Центарот за дневен престој за стари лица за активно стареење – Чаир, при Црвен крст на град Скопје се оддржа дисеминација за лицата во трето доба.
На работилницата присуствуваа 24 корисници кои се запознаа со историјатот на организацијата, принципите, целите, улогата на основоположникот Анри Динан, правилната употреба на амблемот, како и етичкиот кодекс за волонтерите и вработените.
Целта на оваа активност е од едукативно значење за корисниците, бидејќи тие како корисници и волонтери се вклучени во активностите на Црвен крст на град Скопје и е важно да ја знаат улогата и мисијата на организацијата.
Центарот за дневен престој за стари лица за активно стареење во општина Чаир е поддржан од Министерство за труд и социјална политика и Светска Банка