Пребарувај по датум:
2024-03-17

Помош и поддршка за лицата од Украина

Поддршката за лицата од Украина со престој во РСМ, континуирано продолжува да се реализира и во 2024 година. Во изминатиов период, со поддршка на тимот за имплементација на активостите, реализирани беа креативни работилници за изработка на мартинки и честитки по повод 8 Март, посета на лизгалиште, посета на Театар за деца и млади, екскурзија на Пониква. Тековно се реализираа и вонучилишните активности за деца- часови по пливање, како и часовите по македонски јазик за возрасни и деца.

Црвен крст на град Скопје, преку проектна поддршка од ИФРЦ и Швајцарски Црвен крст дава поддршка на лицата од Украина во делот психо-социјална помош, поддршка за обезбедување лекови и медицински интервенции, дистрибуција на потрошувачки картички, ваучери за облека и обувки, како и реализација на сет активности за социјализација и дружење.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.