Пребарувај по датум:
2024-03-12

Одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8 март

Во рамки на социјалниот сервис “Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје се одбележа Меѓународниот ден на жената 8 март.

Корисниците присуствуваа на концерт кој беше спроведен од Ансамбл за народни песни и ора “Вања Лазарова”. За време на концертот познатиот хуманитарец и уметник Живко Поповски – Цветин сликаше цветови со пораки за жените и истите цртежи ги подаруваше на сите пристуни кориснички на концертот. Корисникот од дневниот центар за стари лица Новчо Цветковски со симоличен цвет ги израдува дамите од ансамблот за народни песни и ора „Вања Лазарова” и корисничките од дневните центри за стари лица.

Настанот беше проследен со многу забава, дружење и поминати убави заеднички мигови.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.