Пребарувај по датум:
2024-03-07

Застани! Слушни си го срцето!

Црвен крст на град Скопје традиционално ја продолжи соработката со клиниката Жан Митрев и со низа активности се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против срцево садови заболувања од 21 до 27 февруари.

Оваа традиционална активност секоја година оди во насока на промовирање на здравјето како приоритет на секоја индивидуа, не само на повозрасната популација туку и кај младите.

Во рамки на неделата во соработка со Ramstore Mall – Skopje за граѓаните кои го посетија трговскиот, организиравме мерење на шеќер во крвта, крвен притисок и можност за здравствени совети од стручниот тим од клиниката.

Под мотото “Застани! Слушни си го срцето” од страна на психолошката служба се оддржа работилница за млади на тема- Излегување од комфорната зона и пробување нови работи.

Младите имаа можност да споделат лични искуства но и да добијат корисни техники за подобрување на секојдневието.

Како и секоја година се организираа и бесплатни кардиолошки прегледи за ранливо население.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.