2024-02-29
Работни средби за унапредување
Министерот за труд и социјална политика г. Ѓоко Велковски денеска го посети Пунктот за бездомни лица на Црвен крст на град Скопје. За време на посетата тој се запозна со работата на пунктотот како и социјалните услуги кои овој центар им ги нуди на бездомните лица на територија на градот Скопје.
По разговорорт со стручниот тим и споеделување на нивните искуства, уште еднаш се потврди важноста на постоењето на пунктотот кој игра важна улога во процесот на ресоцијализација на овие лица како и потребата за лиценцирање на истиот.