2024-02-29
Пошумување е секогаш избор
Во соработка со локалното население, мобилните тимови во рамки на Хуманитарно Сервисната Точка – Лојане, спроведоа акција за пошумување со насадени вкупно 250 багреми.
Ова е втора по ред спроведена акција за пошумување во липковската општина, каде ЦГКС е задолжен за имплементација на проектот за хуманитарна асистенција на лица во движење по должина на северната граница на РСМ.
Пошумувањето има за цел да ги обогати пчелните семејства во тој регион, но и да ја зајакне отпорноста на локалното население од ерозија и свлечишта во налет на природни катастрофи.
Заедно до поголема отпорност и градење доверба.