Обука за ПХВ професори-дисеминатори во Косово
Овој викенд (09-10 февруари), во Косово, се одржа обука за ПХВ професори- дисеминатори во Косово. Обуката се реализираше како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка со Црвен крст на РСМ со цел имплементација на ПХВ програмата како позитивен модел во делот на регрутирање на млади, изработка на мали проекти за добробит на заедницата и промоција на мир, толеранција и културата.
Обучени и мотивирани беа 20 дисеминатори од 6 Општински организации на ЦК кои се вклучени во оваа пилот фаза. Како поддршка се вклучени и неколку волонтери од истите Општински организации. Назначен е национален координатор кој ќе дава поддршка за време на имплементација на трите обуки.
Се очекува да се обучат 300 ученици и да се изработат 30 мали проекти.
Националниот ПХВ координатор од ЦКРСМ во текот на целата година ќе дава менторска поддршка со цел подобра и полесна имплементација на програмата.