Пребарувај по датум:
2024-02-06

Услугата посебен превоз достапна во општина Центар

Услугата посебен превоз, од денес ќе биде достапна и за жителите на Општина Центар.

Полнолетните лица што користат ортопедско помагало инвалидски колички, дубаци или одалки како и граѓаните кои поради болест се во лежечка состојба односно неподвижни можат да користат бесплатен превоз до било која здравствена установа во Градот Скопје.

За користење на услугата граѓаните потребно е да го закажат својот превоз минимум 24 часа однапред, јавувајќи се на телефонскиот број 02/15330, секој ден од 6 часот наутро па до полноќ, а да ја користат услугата од 8 до 16 часот попладне.

Со еден телефонски повик може да се закаже превоз за еден корисник до една здравствена установа.

Корисниците имаат право на бесплатен превоз во еден правец максимум 10 пати во текот на 1 година.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.