2023-09-26
Работилница во Струга за корисниците од Дневен центар за лица со интелектуална попреченост при Црвен крст на град Скопје „Пролет“
Од 22 до 24 септември 2023 година во тренинг центарот на „Солферино“ – Струга се одржа работилница за корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Пролет“ на која учествуваа 9 корисници придружувани од родитител.
Психолог и социјален работник од стручната служба беа одговорни за реализирање на предвидените активностите заедно со 4 волонтери од Фондацијата на Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните дни, која финасиски го поддржа овој настан.