Пребарувај по датум:
2023-07-27

За Скопје со љубов

Под мотото „За Скопје со љубов“ го одбележавме јубилејот- 60 години од земјотресот кој го погоди Скопје. Настанот беше организиран на 26 Јули на Плоштад Филип II-Камени мост.

За време на настанот, се одвиваа неколку активности како цртање на мурал од познатите уметници Драган Драш Китановски и Блаже Атанасков , интерактивна обука  за справување со катастрофиспроведена од страна на водителот Марко Новески,  иницијатива за пишување на писма  ителеграми, изложба на капацитетите на нашето Нaционално друштво и дружење со вработените иволонтерите на Црвениот крст.

Повеќе од 200 волонтери и професионалци од различни оддели на Црвен крст на град Скопје и Црвен крст Кисела Вода, Црвен крст Центар, Црвен крст Чаир, Црвен крст Карпош и Црвен крст Гази Баба како и наши корисници беа дел од настанот, на кој заедно, преку дружење и социјализација се присетија на трагедијата, но зборуваа и за хуманоста и солидарноста.

На истиот ден (26 јули) во соработка со ИТМ и со поддршка на Црвен крст Кисела Вода традиционално беше организирана крводарителска акција во ДХО “Даре Џамбаз”- Центар задарување крв на која 78 дарители даруваа крв.

Посебна благодарноста за поддршка во организација на настанот до Вардар Филм.

За Скопје со љубов

#Скопје #солидарно #хумано #љубовно

#1963 #26.07 #2023

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.