Вежба “Сарај”
На 16 Мај во СРЦ “Сарај” е спроведена еднодневна вежба за спасување на повредени од урнатини.
Вежбата е во организација на Дирекција за заштита и спасување под покровителство на УНДП. На вежбата учестуваа Противпожарната бригада на Градот Скопје, Тетово и Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување и Специјалната единица за одговор при катастрофи од Солун Р.Грција.
Црвениот крст на град Скопје зеде учество на вежбата со два тима кои вршеа евакуација, тријажа и транспорт на повредените лица.
Целта на теренските вежби за пребарување и спасување под урнатини се дел од обуките кои се одржуваат по повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, а се важни за континуирана професионална обука на сите тимови за брзо и навремено дејстување во случај на елементарна непогода.