Пребарувај по датум:
2023-02-15

Посета на дневниот центар за стари лица Чаир од делегација од Светска банка и претставници од МТСП

На 14.02.2023 се оствари посета од страна на делегација од Светска банка од Вашинготн и претставници од МТСП на дневниот центар за стари лица во Чаир, при Црвен крст на град Скопје. Овој дневен центар е првиот лиценциран дневен центар за активно стареење на територија на цела држава, според светски критериуми и стандарди, со цел корисниците на дневниот центар за активно стареење да можат да ги уживаат активностите и програмата на центарот според универзални практики. Лиценцирањето на овој дневен центар беше поддржано од страна на проект на МТСП, финансики помогнат од Светска банка.

На заедничката средба тимот на Црвен крст на град Скопје, заедно со корисниците на дневниот центар  ја презентираа програмата, разновидните активности, резултатите кои се постигнаа од октомври месец 2022ра година до сега. Сервисот во континуитет продолжува со реализација на позитивните активности од програмата кои поттикнуваат квалитетен и богат тек на живот на лицата во трето доба, активно стареење, доживотна едукација и социјализација, лобирање за подобрување на правата на лицата во трето доба во нашата заедница и иницираат хуманост и волонтирање кај лицата во трето доба.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.